Да, свештениковите усни треба да го чуваат знаењето, а од неговата уста треба да се бара Законот: зашто тој е пратеник на Господа над Воинствата. Но вие застранивте од патот, направивте мнозина да се сопнуваат од Законот, […] Малахиjа 2:7-8

„Испитај ги само поранешните времиња што поминаа пред тебе, сè откако Господ го создаде човекот на земјата: дали имало некогаш, од едниот крај на небесата на другиот, оволку величествен настан? Дали некогаш некој народ го чул гласот на Бога како зборува пред огнот како што го чу ти и остана жив? […] Тоа ти беше покажано тебе за да знаеш дека Господ е вистински Бог и дека нема друг освен Него. Од небото ти го слушаше Неговиот глас, за да те поучи; ти дозволи да го видиш Неговиот голем оган на земјата; и ги чу Неговите зборови од средината на огнот. Второзаконие 4:32-33, 35-36

Затоа внимавај и чувај се добро да не ги заборавиш делата што ги виде со своите очи; нека не ти исчезнат од срцето ниту во еден ден на твојот живот; спротивно, поучи ги за нив твоите синови и синовите на твоите синови. Оној ден, кога стоеше на Хорив пред Господа, својот Бог, Господ ми рече: ‘Собери Ми го народот! Сакам да ги чујат Моите зборови, за да се научат да се бојат од Мене за целото време додека ќе живеат на земјата, па да ги поучат за нив и своите деца.’ Тогаш вие се приближивте и застанавте под гората. А гората гореше и пламенот се креваше до среде небото, замрачено со темен облак. Господ ви зборуваше вам од средината на огнот; вие го чувте гласот на зборовите, но не видовте образ, а само глас. Ви го објави Својот завет и ви наложи да ги вршите - Десетте заповеди, што ги напиша на две камени плочи. Второзаконие 4:9-13

Целиот народ беше сведок на грмењето и светкањето, сите го чуја звукот на трубата и видоа како се дими гората: гледаа и трепереа и стоеја подалеку. Тогаш му рекоа на Мојсеја: „Зборувај ни ти, а ние ќе слушаме. Нека не ни зборува Господ, за да не изумреме!” Излез 20:18-19

„А потоа доведи го при себе, од меѓу Израелците, твојот брат Арон заедно со неговите синови: […] за да Ми служат како свештеници. Направи му на својот брат Арон света облека, […] Облечи ги во нив твојот брат Арон и неговите синови; тогаш помажи ги, посвети ги и освети ги, за да Ми служат како свештеници. Излез 28:1-2, 41

А вас ќе ве викаат: „Господови Свештеници,” ќе ве наречуваат: „Служители на нашиот Бог.” […] Исаиjа 61:6

„Ако некој згреши и направи престап пред Господа, […] Потоа на свештеникот за надомест, како принос за престап на Господа, нека му доведе од своето стадо овци еден овен без недостаток, […] И свештеникот ќе направи да се покрие вината пред Господа, и ќе му биде простено, што и да сторил, сè, со што станал виновен.” Левит 6:2, 6-7

Ги (Леви) избрав од сите Израелеви племиња за да ми бидат свештеници, за да се искачуваат на Мојот жртвеник, за да принесуваат жртви паленици и за да носат наплеќник пред Мене: […] 1 Самуил 2:28

[…] тие смеат да Ми пристапуваат кон Мене за да Ми служат: ќе служат пред Мене принесувајќи Ми мрсно и крв - говори Господ Бог. Тие смеат да влегуваат во Моето Светилиште и да пристапуваат кон Мојот стол, за да Ми служат и за да вршат службата. […] Нека ми го учат народот: да го разликуваат светото од несветото, да го делат нечистото од чистото. Тие нека бидат судии во спорови: нека судат по Моите закони и нека ги чуваат законите и уредбите за сите Мои празници, и нека ги празнуваат Моите саботи. Езекиел 44:15-16, 23-24

Да, свештениковите усни треба да го чуваат знаењето, а од неговата уста треба да се бара Законот: зашто тој е пратеник на Господа над Воинствата. Но вие застранивте од патот, направивте мнозина да се сопнуваат од Законот, […] Малахиjа 2:7-8

А народот, гледајќи дека Мојсеј не слегува долго од гората, се собра околу Арона и му рече: „Стани! Направи ни бог, па нека оди тој пред нас! Не знаеме што се случи со тој човек Мојсеј, кој нè изведе од Египетската Земја.” „Извадете ги златните обетки што висат на ушите на вашите жени, вашите синови и вашите ќерки - им одговори Арон - па донесете ми ги мене.” […] Откако го прими златото од нивните раце, го растопи во калапи и направи леано теле. А тие извикаа: „Ова е твојот бог Израеле, кој те изведе од Египетската Земја.” Откако го виде тоа, Арон изгради жртвеник пред него, а потоа најави: „Утре нека биде приредена свеченост во чест на Господа!” Рано наутро станаа и принесоа жртви паленици и донесоа помирителни жртви. Тогаш народот седна да јаде и да пие. Потоа станаа за да играат. „Побрзај долу! - му проговори Господ на Мојсеја. - Твојот народ, што го изведе од Египетската Земја, тргна наопаку. Бргу се отстранија од патот што им го одредив. Си направија теле од излеан метал; паднаа ничкум пред него и му принесоа жртви, викајќи: ‘Ова е твојот бог, Израеле, кој те изведе од Египетската Земја!’ […] „Што ти направи овој народ - му рече Мојсеј на Арона - па им навлече толку голем грев?” „Нека не се распалува со гнев мојот господар - одговори Арон. Самиот знаеш добро дека овој народ е наклонет кон злото. Излез 32:1-2, 4-8, 21-22

Мојот народ гине: нема знаење; зашто ти го отфрли знаењето, и Јас те отфрлам тебе од Моето свештенство; зашто го заборави Законот на Својот Бог, […] Осиjа 4:6

Свештениците не зборуваа: ‘Каде е Господ?’ Толкувачите на Законот Мене не Ме запознаа, пастирите отпаднаа од Мене, а пророците пророкуваа во Ваалово име, и одеа по оние што не можеа да им помогнат. Еремиjа 2:8

зашто од најмалиот до најголемиот сите лакомат за плен, од пророкот до свештеникот сите се измамници. […] Нека се засрамат што направија гнасост, но тие веќе не знаат што е срам, не умеат веќе да црвенеат. […] Господ зборува вака: „Застанете на патишта, распрашајте се за некогашните патеки: Кој пат води кон доброто? Тргнете по него и ќе најдете спокојство за своите души! Но тие рекоа: ‘Не одиме!’ И им поставија стражари: ‘Внимавајте на гласот на рогот!’ Но тие рекоа: ‘Не ќе внимаваме!’ […] зашто тие не ги слушаа Моите зборови, го отфрлија Мојот Закон. Еремиjа 6:13, 15-17, 19

[…] И и така го укинавте Божјиот збор заради вашето предание. Лицемери! Добро Исаија пророкуваше за вас, велејќи: ’Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене. Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’” Матеj 15:6-9

Тогаш Исус му рече на народот и на Своите ученици; Тогаш Исус му рече на народот и на Своите ученици; затоа сè што ќе ви речат - правете и пазете - но не постапувајте според нивните дела, зашто зборуваат, а не извршуваат! Туку врзуваат тешки и неподносливи бремиња и ги ставаат врз плеќите на луѓето, а самите не сакаат ни со прст да ги помрднат. […] ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои го затворате Небесното царство пред луѓето; зашто самите не влегувате, ниту ги пуштате внатре оние, кои сакаат да влезат.” […] ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои давате десеток од нане, копра и кимин, а го оставивте поважното во Законот: правдата, милоста и верата. Ова требаше да се прави, а она да не се остава! […] Така и вие однадвор им се покажувате праведни на луѓето, а внатре сте полни со лицемерство и беззаконие.” Матеj 23:1-4, 13, 23, 28

Зашто, ако оној првиот завет беше без недостаток, не ќе се бараше место за вториот. Зашто укорувајќи ги, им вели: „Еве, идат денови вели Господ, и ќе склучам Нов Завет со Израелевиот дом и со Јудиниот дом; не онаков каков што склучив со нивните татковци, во оној ден кога ги зедов за рака, за да ги изведам од Египетската Земја, зашто тие не му останаа верни на Мојот завет, и Јас не се погрижив повеќе за нив, - вели Господ. […] А кога вели „Нов”, со тоа го прогласил првиот за застарен. А што старее и оветвува не е далеку од исчезнувањето. Евреите 8:7-9, 13

[…] зашто тука има такви, кои ги принесуваат даровите според Законот; тие им служат на сликата и на сенката на небесните нешта, како што му беше речено на Мојсеја, кога требаше да го направи Шаторот: „Гледај, рече, да направиш сè според образецот, што ти беше покажан на гората!” Евреите 8:4-5

Зашто Законот ја има само сенката на идните добра, а не и самата суштина на нештата, и не може секогаш со истите жртви, што се принесуваат секоја година постојано, да ги усоврши оние, кои му пристапуваат. Инаку би престанале да ги принесуваат, зашто не би биле свесни за гревови оние кои служејќи така, еднаш се очистени. Но тие секоја година напомнуваат на гревовите зашто крвта на биковите и јарците не може да ги отстрани гревовите. […] И секој свештеник, навистина, стои секој ден, и служи принесувајќи ги многупати истите жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите. […] Додека погоре вели: „Ни жртви, ни приноси, ни паленици, ни жртви за грев не посака; ниту Ти беа угодни” - тие се принесуваат според Законот, потоа рече: „Еве, доаѓам да ја исполнам Твојата волја.” Така го отстранува првото, за да го воспостави второто. Според таа волја осветени сме преку приносот на телото на Исуса Христа еднаш засекогаш. […] Но Тој принесе само една жртва за гревовите, и засекогаш седна оддесно на Бога, […] Зашто Тој со едно принесување ги направи совршени засекогаш оние, кои се осветуваа А и Светиот Дух ни сведочи за тоа, откако рече: ”Ова е заветот, кој ќе го склучам со нив по оние денови, вели Господ, ќе ги положам Своите закони на нивните срца и ќе ги напишам на нивниот ум, и за нивните гревови и за нивните беззаконија нема веќе да си спомнувам.” А каде има проштавање за нив, таму нема веќе приноси за грев. И така, браќа, кога имаме смелост да влегуваме во Светината преку крвта на Исуса, Кој ни го отвори новиот и живиот пат низ завесата, односно Неговото тело, и откако Го имаме Врховниот Свештеник над Божјиот дом, да пристапуваме со искрено срце во полна увереност на верата, со срца кои преку попрскување се очистени од зла совест и со тело измиено во чиста вода. Евреите 10:1-4, 11, 8-10, 12, 14-22

Потоа зеде леб, заблагодари и го раскрши и им го раздаде, велејќи: „Ова е Моето тело, кое се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!” Лука 22:19

Тогаш ја зеде чашата и заблагодари, им ја даде и рече: „Пијте сите од неа, зашто ова е Мојата крв на Заветот, која се пролева за мнозина, за проштавање на гревовите. Матеj 26:27-28

И им рече: „Тоа се зборовите што ви ги зборував додека уште бев со вас, дека треба да се исполни сè што е напишано за Мене во Мојсеевиот Закон, во Пророците и во Псалмите.” Тогаш им го отвори умот, за да ги разберат Писмата, и им рече: „Така е напишано дека Христос треба да пострада и да воскресне од мртвите во третиот ден, и да биде проповедано во Негово име покајание и прошка на гревовите на сите народи - почнувајќи од Ерусалим. Лука 24:44-47

Зашто не е Јудеец оној, кој е тоа надворешно, ниту е вистинско обрезание она, што е надворешно - врз телото - туку Јудеец е оној, кој е тоа во внатрешноста; а вистинското обрезание на срцето е по Дух, а не по буква. Неговата пофалба не е од луѓето, а од Бога. Римjаните 2:28-29

Тогаш Петар ја отвори устата и рече: „ Вистина гледам дека Бог не гледа на лице, туку Нему Му е мил во секој народ оној, кој се бои од Него и кој прави правда. […] Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Светиот Дух слезе на сите, кои го слушаа словото; и се зачудија обрезаните верници, кои дојдоа со Петра, дека и на народите се излеа дарот на Светиот Дух; зашто ги чуја како зборуваат јазици и Го величаат Бога. […] Дела Апостолски 10:34 -35, 44-46

И Исус одговори и им рече: „Гледајте да не ве заблуди некој; зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: „Јас Сум Христос,” и ќе заблудат мнозина. […] и ќе се јават многу лажни пророци и ќе заблудат мнозина. И заради многу беззаконија, љубовта ќе олади кај мнозина. […] ”Ако некој ви рече тогаш: ‘Еве, Христос е тука’ или ‘таму’- не верувајте, зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, па ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заблудат, ако е можно, и избраните. зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, па ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заблудат, ако е можно, и избраните. Матеj 24:4-5, 11-12, 23-25

”Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата. Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’ И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’ Матеj 7:21-23

Ако ти, кој се наречуваш Јудеец, се потпираш на Законот и се фалиш со Бога, ја знаеш Неговата волја и, поучен од Законот, знаеш да го избереш подоброто; и си уверен дека си водач на слепци, светлина на оние, кои се во темнина, воспитач на неразумните, учител на младите, зашто имаш во Законот олицетворување на знаењето и вистината; и така, ти, кој го учиш другиот, не ли се учиш самиот себе? Ти, кој проповедаш да не се краде, крадеш ли? Ти, кој зборуваш да не се прави прељуба, не вршиш ли прељуба? Ти, кој се гнасиш од идолите, ги ограбуваш ли нивните храмови? Ти, кој зборуваш да не се прави прељуба, не вршиш ли прељуба? Ти, кој се гнасиш од идолите, ги ограбуваш ли нивните храмови? ”Па заради вас се хули Божјото име меѓу народите” - како што е напишано. Римjаните 2:17-24

[…] ‘Господ Бог зборува вака: „Тешко им на Израелевите пастири кои се пасат сами себеси! Не треба ли пастирите да го пасат стадото? Се храните со млеко, се облекувате со волна, колете дебели овни, а не ги пасете стадата. Не ги поткрепувате немоќните, не ги лечите болните, не ги преврзувате ранетите, не ги доведувате назад заскитаните, не ги барате загубените, туку господарите со нив насилно и свирепо. И така овците се распрснаа немајќи пастири и распрснати, им станаа плен на ѕверовите. […] Зар ви е малку да пасете на добро пасиште, та остатокот од пасењето го газите со нозете? А Моите овци треба да го пасат тоа што вие го изгазивте со нозете, да го пијат тоа, што го замативте со нозете.” А Моите овци треба да го пасат тоа што вие го изгазивте со нозете, да го пијат тоа, што го замативте со нозете.” Зашто со страните и со плеќите, бодејќи со роговите, ги туркавте мршавите овци додека не ги истуркавте. Јас ќе ги избавам Моите овци, […] Ќе им поставам еден Пастир, […] а Јас, Господ, ќе бидам нивни Бог, […] И ќе склучам со нив Завет на мир, […] и ќе знаат дека Јас сум Господ, кога ќе ги скршам жезлите на нивниот јарем и кога ќе ги избавам од рацете на оние што ги поробија. Езекиел 34:2-5, 18-25, 27

Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим. Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците. Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.” Jован 4:21-24

[…] пророчества ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне. Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме, но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното. […] Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат. 1 Коринтjани 13:8-10, 12

Тие ќе се наречуваат „Свет народ”, „Господови искупеници.” […] Исаиjа 62:12

А кога фарисеите Го прашаа: „Кога ќе дојде Божјото Царство?” Тој им одговори и рече: „Божјото Царство не доаѓа така, за да може да се види; ниту ќе се рече: ‘Еве го тука, или онаму!’ - зашто, ете, Божјото Царство е во вашата средина. Лука 17:20-21

Зашто Божјото Царство не се состои во јадење и пиење, туку во правда, и мир и радост во Светиот Дух. Римлjаните 14:17

И Оној, Кој седи на престолот рече: „Ете, правам сè ново.” […] И видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа […] Тогаш јас, Јован, го видов Светиот Град - Новиот Ерусалим, како слегува од небо, од Бога, стокмен како невеста, која е украсена за својот маж. И чув силен глас од небото, велејќи: „Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето; и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ, и Самиот Бог ќе биде со нив, […] А храм не видов во него; зашто негов храм е Господ Бог - Сèмоќниот, и Јагнето. Откровение 21:5, 1-3, 22